Бразилска или само делумна депилација, избелување на влакната или, пак, украсување со „вајазлинг“ и пирсинг се само некои од бројните начини на украсување на интимната зона.
Меѓутоа едно неодамнешно истражување покажа дека мажите најмногу ги палат природни фризури.
Славните холивудски ѕвезди, од Џенифер Анистон, Сиена Милер, па сѐ до Кејт Винслет, откриваат какви фризури имаат „таму долу“.
Бразилската депилација е многу популарна меѓу жените, а во последно време во медиумите се појавија разни предупредувања дека не е толку безопасна. Сепак, многу жени ја сметаат за најпрактична и најуредна. Токму бразилска практикува Џенифер Анистон. Наводно таа е опседната со фризурата во нејзината интимна зона. „Еднаш ми се јави и ме натера да закажам термин за депилација иако таму немаше ништо за депилирање. Инсистираше и ме натера да ја депилирам до гола кожа“, открила во една прилика Дан Далуис, сопственичка на салон за убавина во Лос Анџелес.
Актерката Кејт Винслет преферира депилација при која на средината на интимното подрачје се остава линија на средината. Токму таа интимна фризура ѝ направи проблем при снимањето на филмот „The Reader“ за кој требаше да остави сосема недипилирана интимна зона. „За потребите на снимањето на филмот дури ми направија и „перика“ затоа што се плашеа дека нема да ми пораснат доволно влакна“, своевремено изјавила Кејт за „Allure“.
Убавата Сиена Милер, исто така, практикува бразилска депилација која ѝ направила проблем за снимањето на филмот „Hippie Hippie Shake“ чие дејство се одвива во 60-тите години. „Интимната зона на Сиена дополнително е дигитално обработена“, напиша тогаш „FemaleFirst“.
Џенифер Лав Хјуит гостувајќи во шоуто „Lopez Tonight“ откри дека интимната зона не ја украсува само со фризури, туку и со сѐ попопуларниот „вајазлинг“. Освен бразилска депилација, Џенифер сака да ја украсува интимната зона и со Сваровски дијаманти.
Неодамна, пак, Гвинет Палтроу ги привлече сите погледи кога на црвениот килим се појави облечена во фустан со потписот на Антони Брејди, а проѕирниот материјал го откри нејзиниот интимен дел. Гвинет мораше да ја среди нејзината интимна фризура затоа што под фустанот не носеше долна облека. Како што сама призна во шоуто на Елен Деџенерис, таа вообичаено негува фризура како од 70-тите, но поради дизајнерскиот фустан морала да искористи жилет.