Американската R&B пејачка Бијонсе е најдобро платената жена во музичкиот свет, со проценета заработувачка од 115 милиони долари, што е двојно повеќе од нејзината заработка од минатата година, објави магазинот Forbes.
Оваа огромна сума, од која поголемиот дел е заработена од нејзината светска турнеја, ја подобри позицијата на Бијонсе (33) со четвртото место минатата година и ја стави далеку пред поп ѕвездата Тејлор Свифт (24) со нејзините 64 милиони долари, која скокна едно место од минатата година на позиција број 2.
Поп пејачката Пинк (35) се искачи осум места од минатата година на третото место со 52 милиони долари.
„Бијонсе има настапувано на 95 настапи во текот на периодот во кој беше забележан резултат од 2,4 милиони долари по град во кој настапувала“, пишува Forbes наведувајќи податоци од магазинот Pollstar.
Минатогодишниот број еден по заработка Мадона (56) во 2014 година не успеа да влезе ни во првите 10. Затоа Бијонсе објави и нов албум, односно подобрена платинум-верзија на албумот со неколку нови песни и видео настапи од турнејата.