Каква моќ има овој градник?

Компанијата Микрософт измислила ново технолошко чудо односно градник кој внимава на вашата витка линика.
Идејата на овој проект е градникот да ве предупреди ако претерувате со конзумирањето на храна и така ќе ја чува вашата линија или ќе ви помогне да ослабнете.

Градникот во своите корпи има сензори кои го детектираат вашите отчукувања на срцето, температурата на кожата и нивото на стрес, кои заедно, наводно можат да укажат на моментот на непотребното прејадување.
Сите податоци кои се евидентирани од страна на градникот се директно поврзани со телефонот, па така корисниците секогаш ќе можат да ја видат својата состојба, да ги видат резултатите и во какво расположение се кога е во прашање храната.

Научникот и психологот Мери Цервински за магазинот Daily Mail вели дека градникот на жените ќе им укаже на беспотребната опсесија со храна која често им го загрозува животот. Во својот труд ‘Food and Mood: Just-in-Time Support for Emotional Eating’ објаснува како на овој начин жените ќе станат свесни за тиа како се чуствуваат во моментот кога сакаат да посегнат по храна.

- Реклама -