Каква мајка -таква ќерка. Вистински убавици!

Со секој изминат ден таа се повеќе наликува на нејзината мајка Кејти Холмс. А со оглед на нејзиниот префинет изглед, дефинитивно мала Сури Круз има добри предиспозиции да израсне во вистинска убавица. Кејти дефинитивно остава впечаток на една од најпосветените мајки во Холивуд со оглед на тоа што е вистинска реткост да се улови без нејзината слатка ќеркичка која ја има од бракот со Том Круз.  Тие две беа повторно уловени на улиците низ Њујорк како уживаат во заедничка прошетка, при што двете изгледаа беспрекорно.

- Реклама -