По Ким и мајка и Крис се наоѓа во слична ситуација. Ќе се открие ли нејзиното порно видео?
Пред речиси седум години Ким Кардашиан имаше проблеми со еротското видео кое протече во јавноста. Во него Ким со нејзиниот тогашен дечко Реј Џи играа секси игри.
Сега сличен проблем ја мачи нејзината мајка Крис Џенер. Таа наводно е уценувана од маж кој тврди дека има нејзино порно лента.
„Човекот бара голема сума на пари од Крис и, доколки не плати до крајниот рок, ќе ја пушти снимката во јавноста“, рекол изворот.
Споменатиот човек, наводно секојдневно и се јавува на Крис од различни броеви. Само во еден ден била побарана од него над 25 пати, истакна изворот за американските медиуми.
Иако Крис тврди дека не постои таква снимка, се плаши за својата безбедност и на своето семејство. Отпрвин мислела дека се работи за шега, но како што вели, никогаш себеси не би си дозволила да падне во таква непријатна ситуација.
Исто така подготвена е да ја вклучи и полицијата во целата приказна. Секако, познатото семејство вклучи и приватен детектив да се обиде да дознае кој ја става во опасност Крис Џенер.