Иако многу време троши на својот изглед и ретко прави грешки во шминкањето, овој пат и таа направи грешка.
Каде и да се појави Ким Кардашијан, неа ја следи маса од папараци, обожаватели и други љубопитни луѓе. Откако ја смени косата во платинесто руса боја, сите медиуми во светот ја следат нејзината промена со интерес.
Косата уште малку ја направила посветла за новата ревија во Париз, но со промената на бојата доаѓа и до промена на шминката.
Реалната ѕвезда е позната по употреба на бои за засенчување со цел подобро да ги истакне своите црти на лицето, но овој пат нејзиниот експерт за шминка сепак малку претерал- го засенчил нејзиниот нос кој сега изгледа како да е искривен!
Таа мала илузија ги збуни нејзините обожаватели, па за следниот пат ќе се осигура таа грешка да не се повтори.
Но, нејзината „крива“ шминка не го намали нејзиниот сексапил. Црната облека припиена за нејзиното тело и отвореното деколте гарантираат внимание каде и да се појави и во следните нејзини појавувања во Париз.