Познатата пејачка Џенифер Лопез ги воодушеви сите присутни со својот изглед.
Таа во прекрасен долг бел фустан со голем шлиц кој ја открива една од нејзините тонирани нозе.
Пејачката присуствувала на Ателје Версаче модната ревија во Париз, а пред бројните камери позирала во друштво на познатата дизајнерка Донатела Версаче.
Претходно тој ден, Џенифер е видена во лежерно издание, и кога била прашана што прави во слободно време, кога не се чувствува како славна ѕвезда, таа одговорила: „Сакам долги прошетки на свеж воздух. За повеќето луѓе тоа не е ништо важно, но за мене долгите прошетки се луксуз и ми помагаат да останам цврсто на земја. Исто така, сакам да поминувам време со семејството, да готвам и чистам“, открила Џеј Ло во едно неодамнешно интервју.