На премиерите секогаш темпото е забрзано и има многу луѓе, но и вакви незгодни моменти се случуваат често.
Уште по непријатно е кога ќе се случи пред сите.
Младата актерка Леа Мишел се прослави со хит серијата „Glee“, но на премиерата на серијата „American Horror Story“ била жртва на прилично непријатен момент.
Иако младата актерка се обидела да биде забележана во секси зелен фустан, кога сакала да ја повика својата колешка, познатата актерка Џесика Ланг, таа само поминала покрај неа и не одговорила на нејзиниот повик- а сето тоа го снимиле камерите на црвениот тепих.
28-годишната Леа многу сака да биде дел од тимот на успешната серија, иако нејзиното појавување се уште не е потврдено. Што се однесува до Џесика Ланг, очигледно не мора да биде.