Како временските услови влијаат на хороскопските знаци

Сите ги чуствуваме времеските промени кои влијаат на нашето здравје, расположение, работа. Но за секој хороскопски знак е со посебен интензитет и траење.

Овен

Овните не мора да ја слушааат временската прогноза, бидејќи нивните глави се чуствителни и на најмала промена на атмосферскиот притисок. Нивните тела особено се чуствителни на количеството на светло: ако го немаат доволно, работната способност ќе им биде значително намалена и ќе бидат нерасположени.

Бик

Меѓу крајната чуствителност и индиферентност, Биковите се некаде на пола пат. Иако силно реагираат на секое врнење на дожд, тоа на нивното расположение многу малку влијае.  Може да се каже дека Биковите се зависници од дождливите денови, бидејќи како земјен знак водата секако дека им е потребна. Ако се решат за прошетка, патот сигурно ќе ги одведе до некоја фонтана или поточе.

Близнаци

Близнаците најсилно реагираат на ветерот. Бидејќи тој ги движи облаците, го прочистува воздухот и носи миризби од далечните краишта. Поради тоа и дождот не им е  некој непријател, дождливо попладне е најдобро за прошетка по освежен и со озон богат воздух. Најтешко им паѓа кога ќе видат утринска магла, бидејќи таа ги задушува и им носи главоболка.

Рак

Раковите се обожаватели на неочекуваните летни времиња, кои со себе носат облаци од пустинскиот песок. Ја сакаат миризбата на навлажнета земја, но не се толерантни спрема здодевните повеќедневни врнежи од дожд, кои место освежување, носат меланхолија и тага.

Лав

Децата на сонцето и на светлината бараат онолку дожд, колку што им е потребно за нормален живот. На вишокот влажност и облаци се исклучително чуствителни. Нискоиот атмосферски притисок ги прави чудни и раздразнети. На првиот зрак сончева светлина, кој ќе ги пробие облаците, овие луѓе воздивнуваат длабоко и со воодушевување.

Девица

Како заштитник на летните жетви, Девицата е наклонета спрема дождот. Склона е и кон снежни покривки, кои на одредена земја делуваат како топол тепих, но затоа особено е чуствителна на мраз, поплава и суша. Најмногу им пречи чуството на немоќ спрема разорните сили на природата.

Вага

На овие есенски деца дождот им е близок. Проблемот е во тоа што со дождот доаѓаат и студот и влагата, на кои сите Ваги се многу чуствителни, бидејќи слабото нагласено Сонце не им дава физичка издржливост. Како непоправливи естети, се радуваат на росата на тревата и на мразулците кои се спуштаат од покривите.

Скорпија

Бидејќи владее со подземниот свет, Скорпијата на своите штитеници им подарила посебна отпорност спрема темнината на облаците, грмотевиците и молњите. Тоа не значи дека Скорпиите не се љубители на пустинскиот свет и на снежните белини. Тоа се луѓе со крајности, на кои метеролошкиот декор им е од особено значење.

Стрелец

Бидејќи Стрелецот го бележи почетокот на зимата, логично е да се помисли дека овие луѓе се имуни на лошите метеролошки услови. Но не е баш така: ова е огнен знак, кој можеби повеќе од Овенот и од Лавот страда ако Сонцето е премногу скриено зад облаците. Исто така, Стрелците мора да примат одредено количество светлосна енергија, па ако треба и со фототерапија.

Јарец

Јарците се познати ревматичари, кои временските промени ги чуствуваат на својот грб. Особено тешко ги поднесуваат ветровите, ниските температури и падот на атмосферскиот притисок. Нивното пресериозно лице уште повеќе ќе се замрачи кога има темни облаци, молњи и громови. На овие луѓе навистина треба да им се посака добар ден. Студот многу не им пречи.

Водолија

Тоа што Јарците го чуствуваат во грбот, Водолијата го чуствува на зглобовите. На промените на температурите телото на Водолијата реагира со остри болки и крцкање во зглобовите. Го сакаат дождот и се шетаат по него без чадор, но само кога се двајца (поради романтика).

Риби

Рибите ја сакаат водата во сите агрегатни состојби- ја обожаваат снежната белина, мразулците, па дури и грмотевиците, но само тогаш кога се на топло, суво и на сигурно. Дождот е добредојден, но само кога прави романтика. Понекогаш им станува голем непријател поради лабилната рибина рамнотежа, а со тоа ги фрла во долготрајна и длабока депресија.

- Реклама -