180 илјади фунти е се што остана од целото богатство на покојната пејачка дива Ејми Вајнхаус, за која се проценуваше дека во времето од нејзината најголема слава вредеше 10 милиони фунти.
Богатството речиси исчезнало веднаш откако нејзините родители ги подмирија сите нејзини долгови и сметки од последните две години. Таткото на Ејми, Мич, откри за медиумите како неговата поранешна сопруга Џенис морала да подигне кредит од 600.000 фунти за да би ги покриле трошковите од затворањето на финансиските бизниси на својата ќерка.
Ејми ги трошеше парите без размислување за иднината, а кога таа имаше, имаа сите околу неа. Наводно, таа само на дрога трошела и по илјада фунти дневно.
Дарежливата пејачка им плаќала на нејзините момчиња и пријатели кирија, им купувала облека и ги испраќала на патувања. Освен тоа, парите ги донирала и во бројни хуманитарни проекти.
Се проценува дека нејзиното богатство значајно ќе се зголеми откако ќе се добијат парите од продадените албуми после нејзината смрт.