Како манекенка: Госпоѓа Клуни ужива во популарноста

 

Амал Клуни деновиве има многу обврски, но направи кратка пауза за да помине една ноќ во друштво на модната дизајнерка Стела Макартни.

Успешната адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни (31) изгледа елегантно во црниот чипкан комбинизон, кој го дизајнираше токму Стела, и високите потпетици во боја на кожа.

631920_amal-kluni-01-foto-profimedia-rs_ff

На лицето има малку понападна шминка од она што е вообичаено за неа, па јасно се гледа Клуни дополнително се има потрудени да изгледа добро.

Стела за разлика од неа е опуштено облечена, во портокалов капут, фармерки и обувки со платформа, со многу малку шминка и коса врзана во опавче.

631921_amal-kluni-02-foto-profimedia-rs_ff

Амал изгледа како манекенка на писта, а со насмевката успева да ги шармира сите каде и да се појави. Иако често ја критикуваат дека е преслаба, па дури и на граница на анорексија, таа не се грижи.

Кога запона врска со Клуни, Амал се обидуваше да се сокрие од медиумите и јавноста, но се чини дека популарноста и одговара во моментов, па повеќе не се крие од папараците, напротив, ужива додека ја фотографираат.

631922_amal-kluni-03-foto-profimedia-rs_ff

- Реклама -