Како ли успева? Тајната за фигурата за Џенифер Анистон

Во Холивуд сите се опседнати со идејата да изгледаат совршено, a за таа цел многупати одат до крајности.

Џенифер Анистон мисли дека клучот за витката фигура не се крие во модерната исхрана. 45-годишната актерка наоѓа време за пет оброци на ден, а исто така и за пет минутни вежби и трчање , откри нејзиниот личен тренер Кети Келер.

„Не е приврзаник на броењето на калории. Џен јаде минимум по три пати на ден или во најдобар случај пет , но хранливи оброци ” , изјави Кети за списанието. Look.

„Ја советувам секој ден да ја пазарува целата храна за целата недела одеднаш, па да не се искушува да си купува брза храна.”

0077581001430397225_0

„Џен никогаш не би јадела цела кутија со слатки, но би зела една, ако навистина и се пријаде. Таа прави се умерено . На пример би испила чаша црвено вино со пријател и навистина би му уживала, наместо неколку шишиња кои би направиле со денови да се чувствува ужасно “, додаде Келер.

Актерката, која е висока 162 см и тежи околу 50 килограми, обично јаде пржени јајца со чили за појадок + чаша топла вода со лимон на гладно, бела риба за ручек. Во текот на денот таа јаде неколку парчиња висококвалитетна црна чоколада и чиа семе.

„Џен знае дека младинското емитување доаѓа од еден сеопфатен пристап кон животот. Треба да се грижите истовремено за умот, телото и душата. Ако сте под стрес, ќе изгледате уморни. Ако направите напор да бидете среќни, тоа ќе се покаже и на вашето лице , ќе изгледате полни со енергија “, додаде Кети.

- Реклама -