Според неговите родители, тој е таков неранимајко па чудо е како пеперутката избегала неповредена.
Во една од двете нови фотографии издадени за да се одбележи неговиот прв роденден, принцот Џорџ може да биде виден како покажува и интензивно гледа во деликатното суштество кое слета на раката на неговиот татко, принцот Вилијам.
Неговата мајка, војвотката од Комбриџ, гордо го прегрнува својот млад син, држејќи го цврсто околу половината, во случај љубопитниот млад принц да сака да ја зграби пеперутката.
Втората фотографија објавена од страна на Кесингрон палатата вчера, јасно покажува маѓепсана млада фамилија во сред изложбата на „Сензационалните пеперутки“ во Природнонаучниот музеј во Лондон, додека неколку десетици убави пеперутки летаат во далечината.
Кејт носи полу-формален фустан од дизајнерката Сузана, кој таа го има носено претходно во јавни прилики.
Малиот Џорџ, кој исто како неговата мајка станува „тренд сетер“, носи сино-бели панталони и морнарско сина маица од францускиот бренд Petit Bateau.
Војводата и војвотката, исто така, издадоа соопштение во кое им се заблагодаруваат на јавноста ја стотиците подароци, картички и писма со добри желби кои тие ги добиле од раѓањето на нивниот син минатиот јули.
Во галеријата следат фотогрфии кои ја одбележаа првата година од животот на малиот принц Џонџ.