Според едно истражување начинот на кој што кивате говори многу за тоа каков тип на личност сте.
Една американска експертка која проучувала повеќе од 547 различни кивања, тврди дека може да го опише каратерот на личноста по начинот на кој таа кива.
Една американска експертка која проучувала повеќе од 547 различни кивања, тврди дека може да го опише каратерот на личноста по начинот на кој таа кива.
„Повеќето луѓе имаат специфичен начин на кивање што одблизу го отцртува нивниот карактер“ – тврди Пети Вуд.
Докторката од Џорџија вели дека постојат 4 вида на кивање:
Луѓето кои гласно киваат таа ги опишува како харизматични, инфлуентни и како добри лидери, додека оние што прават малку бука според неа се релаксирани, спокојни, лојални и доверливи.
Луѓето кои ги покриваат своите усни со шамивчиња настојуваат да бидат формални, достојни и попустливи.
Четвртиот тип на кивачи се оние кои гледаат да ја завршат работата што е можно побрзо. Нивните карактерни особини докторката Вуд ги опишува како рационални, брзи, одлучни и прецизни.
Ова истражување беше спонзорирано од фирма, како креативен вовед за кампања, која се бави со производство на сирупи за кашлање.