Kaко изгледаат денес сите ликови од серијата Беверли Хилс?

Беверли Хилс, 90210 (Beverly Hills, 90210) е американска драмска серија која е емитувана од 4 октомври 1990 до 17 мај 2000 на Фокс во Сад, и последователно на многу тв мрежи нив светот.  Шоуто го следи животот на група тинејџери, кои учат во измислената West Beverly High School, а по матурирање се запишуваат на Калифорнискиот Универзитет. Шоуто е создадено од Дарен Стар а произведено од Пол Робинсон.

90210 во насловот се однесува на градскиот зип код.

Воведниот дел на шоуто е базирано на прилагодување и возбуда која близнаците Брендон (игран од Џејсон Присли) и Бренда Волш (играна од Шенон Доерти) ја преживуваат кога тие и нивните родители, Џим (игран од Џејмс Екхаус) и Синди (играна од Керол Потер) се селат од Минеаполис, Минесота во Беверли Хилс. Покрај пријателство и романтични врски на група тинејџери, во шоуто има многубројни теми, вклучувајќи силување на состанок, алкохолизам, домашно насилство, права на хомосексуалци, хомосексуално одгледување, тинејџерски самоубиства, сида, тинејџерска бременост, булимија и абортус.

Серијата стана популарна во летото 1991 година, кога Фокс најави специјална летна сезона на шоуто додека други серии се репризираа. Гледаноста драстично порасна, а учесниците посебно Џејсон Присли и Лук Пери станаа тинејџерски идоли.

Серијата започна со претставување на фамилијата Волш-Џим, Синди, Брендон и Бренда-кои неодамна се преселија од Минесота во Беверли Хилс, Калифорнија како резултат на работното унапредување на Џим. Во првата епизода Брендон и Бренда почнуваат да го посетуваат West Beverly High School каде се запознаваат со неколку пријатели: Кели Тејлор, Стив Сандерс, Андреа Зукерман, Дилан Меккеј, Дејвид Силвер, Скот Сканлон и Дона Мартин. Шоуто ги прати личните и професионални занимања на своите ликови низ полнолетсво, додека се внесени и неколку додатни карактеристики за напредокот на сезоната.

10 9 8 7 6