Како изгледаат денес членовите на групата ABBA?

АББА е шведска поп група, формирана во Стокхолм во 1972 година. Групата се состои од: Агнета Фaлтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станале едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година. Тие се исто така познати по победувањето на Евровизијата во 1974 година, донесувајќи Ѝ ја на Шведска првата победа во историјата на натпреварот и станувајќи најуспешната група која некогаш учевствувала на натпреварот.
АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи низ целиот свет и сè уште се продаваат милиони годишно, со што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња. АББА е првата поп група која дошла од неанглиско говорно подрачје и која ги усвоила топ листите во земјите каде се зборува англиски јазик: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка. Групата исто така, имала значителен успех на пазарите во Латинска Америка и снимени се многу нивни хитови на шпански јазик.
За време на активните години на бендот, Фaлтског и Улвеус биле брачна двојка, како што биле и Лингстад и Андерсон, иако и двете двојки подоцна се развеле. Достигнувајќи ја кулминацијата на популарноста и двете двојки биле жртви на напорност, што довело до развод на Улвеус и Фалтског во 1979 година, а бракот на Андерсон и Лингстад се распаднал во 1981 година. Овие промени во нивните врски се одразиле на нивната музика, така што подоцна следувале поинтроспективни стихови.
По распаѓањето на АББА при крајот на 1982 година, Анедрсон и Улвеус биле успешни во пишување на музички текстови, додека Фaлтског и Лингстад продолжиле со соло кариери. Популарноста на АББА била намалена сè додека не се појавиле во неколку филмови, особено во ,,Muriel’s Wedding‘‘, ,,The Adventures of Priscilla‘‘, и ,,Queen of the Desert‘‘. Со ова се обновил интересот за групата. Во 1999 година, музиката на АББА се адаптирала во успешниот мјузикл Mamma Mia. Со тоа имале турнеи низ целиот свет. Еден истоимен филм издаден во 2008 година станал најуспешниот филм во Велика Британија таа година. Групата била примена во ,,Rock and Roll Hall of Fame‘‘ на 15 март 2010 година.

- Реклама -