Од памтивек физичарите, хемичарите, поетите, уметниците дискутираат за тоа што е љубовта. Научниците сепак, се решиле да го скенираат мозокот на волонтери кои во моментот се многу заљубени , по што утврдиле со сигурност какви процеси се одвиваат во телото на вљубените.
Како една од промените било забележано побрзото вмешување на крв во еден од деловите на мозокот, кој била наречен „зона на занес”. Таму активно се создава супстанцијата допамин, што ги тера луѓето силно да сакаат нешто, односно да чувствуваат кон друг човек страст, нагон, посакување, кое понекогаш излегува надвор од контрола.
Самата „зона на занес” се наоѓа во близина на главните центри кои ја регулираат потребата на човекот од храна и вода. Тоа, велат научниците, ни дава за право да ја сметаме љубовта за природна човекова потреба”.