Мартин Робертсон од Универзитетот Њукасл (Велика Британија) ги направи овие неверојатни фотографии на информациите на интернет. Како резултат од еден неуспешен експеримент, истражувачот нашол начин конечно да покаже како изгледа еден сајт и податоците со кои е поврзан истиот. Едноставно кажано, сликата прикажува како изгледа еден сајт (овој сајт конкретно е на НАСА), заедно со сите страници и сите информации што може да се видат на него.
Секоја бела точка, објаснува Робертсон, е страница. Секоја линија, што излегува од точката е URL. Специјалниот симулатор и „пајажината” ги собираат и визуелизираат податоците. Овие „фотографии” се минливи како снегулки, вели научникот.
Следниот ден или дури час подоцна, на портретот ќе имате други информации: податоците ќе се ажурираат на сајтот. Неверојатните слики кои ги добил Робертсон не се само убави, но и лукративни: компаниите се подготвени да платат за визуелизација на своите веб страни.