Не е премногу да се каже дека таа е една од главните виновнички за инвазијата на сапуниците на телевизиските екрани во нашата земја. Успехот кој серијата „Касандра“ го постигна на нашите простори, е веројатно неспоредлив со на ниту едно друго место. Во галеријата подолу ви покажуваме како изгледа шармантната Кораима Торес денес, 20 години по снимањето на ТВ-новелата која кај нас будно ја следеа и старите и младите. Можеби некои од фотографиите ќе ви бидат познати заради малите сликички кои сите ги собираа. 🙂