Како ги делат милионите? Детали за разводот на Лима и Јариќ

Моделот Адријана Лима и кошаркарот Марко Јариќ, конечно ќе бидат слободни.

Тие решија мирно да излезат од бракот и да го поделат богатството на два еднакви дела.

Адријана Лима и Марко Јариќ, иако се разделија уште пред една година, дури во јануари поднесоа барање за развод на бракот.

Бракоразводната парница ќе биде готова во јули, а парот одлучи дека поради ќерките Валентина и Сијена мирно ќе стави крај на турбулентниот брак.

Поради тоа, нема да има судење и рочишта за поделба на имотот, туку ќе се разведат според законот на државата Вајоминг, каде се води парницата бидејќи таму се венчале, а нивното богатство ќе се дели на два еднакви дела.

А тоа не е малку. Јариќ за време на славата во НБА лигата заработил 40 милиони долари, но својата сметка во банка ја зголемил 4 пати, низ приватни бизниси.

adrijana-lima-marko-jaric-razvod-braka-brak-parnica-kuca-foto-profimedia-1426029905-624377

Успешен бизнисмен

Последните години ги посвети со градинарство, кое му носи добар приход, а има и угостителски објекти како во САД, така и во Србија. Работи и со модниот бизнис, како и интернет продажба на видео и фото материјали од познати спортисти. Од друга страна и Лима одлично заработува, но помалку од својот поранешен сопруг. Во текот на 2008 и 2009 година, заработила 20 милиони долари, а потоа во просек 7,5 милиони годишно. Тие ќе бидат поделени, како и вилата во Мајами вредна 10 милиони, станот во Њујорк од 6 милиони, куќата на Беверли Хилс, која е проценета на два милиони, а тука е и јахтата за која платиле 1,5 милиони долари.

Развод поради измама

Поранешниот брачен пар реши да се разведе лани. Како што се шпекулираше Лима открила дека Марко ја изневерил со манекенка, а американските медиуми објавија дека го фатила за време на неверство со соседката. Марко се обидува да го заштити приватниот живот, па во јавноста не се појавува ни со една девојка, додека Лима се шета со новиот дечко, кого го претстави во моментот кога официјално ги поднесе документите за развод.

Марко и Адријана се запознаа во 2006 година, а се венчаа во 2009, на денот на заљубените. После пет години ставија крај на нивниот брак.

Имот

Вила во Мајами – 10 милиони долари

Стан во Њујорк – 6 милиони долари

Куќа на Беверли Хилс  – 2 милиони долари

Јахта – 1,5 милиони долари

- Реклама -