Сите ги гледаме оскарите на ТВ, но како да се дојде до „златниот билет“ за следење на гламурозната манифестација во живо?
Филмската академија на САД вработува статисти за церемонијата, со цел да се осигура дека секое место во салата е исполнето, кога камерите ќе ја покажат публиката.
Еве како може човек да присуствува на церемонијата и без да биде номиниран за Оскар:
Оскарите најверојатно се церемонијата, на која човек најтешко може да влезе како „обичен смртник“. Според интервју со еден таков човек за AV Club, треба да имаш роднина кој работи за Академијата или за PricewaterhouseCoopers – компанијата која ги брои гласовите. Исто така мора да потпишеш договор за доверливост, што значи дека испитаникот од AV Club можел да зборува само анонимно. На други слични церемонии, како Златен глобус, наградите SAG, наградите Еми и филмските награди на MTV, исто така се ангажирани статисти од овој тип.
Seatfillersandmore, Gotham Casting и Audiences Unlimited се три од сајтовите низ кои може да се аплицира. Започнувајќи како статисти за мали настани, луѓето добиваат можности да создадат контакти и да добијат внатрешни информации за тоа како да дојдат за поголемите настани како Оскари. Аплицирањето сепак не гарантира избор. Повеќето сајтови бараат CV и слика, а некои дури и линк до профилот на Facebook и Instagram.
Позитивно е тоа што за многу настани се бараат секаков тип луѓе – мажи, жени, како и од различна раса и на различна возраст. Човек не треба да изгледа како Бред Пит или Анџелина Џоли, но треба да сте добро негувани и да почитувате и одреден дрескод. Изборот на облека варира за секој настан. На церемонијата на доделувањето на Оскарите постојат луѓе кои претходно ги посетуваат стилисти, за да се уверат дека тие ќе се придржуваат кон дрескодот, пишува Business Insider.
Облеката во бела боја, логоа и смели дезени не се охрабрувачки. Најдобро е да се обложите на сигурни бои. Практично треба да изгледате добро, ако ве покажат на телевизија, но не треба да изгледате толку добро што ќе го одземете вниманието на ѕвездите.
Кога наближува големиот ден, да се биде статист на Оскарите не е толку гламурозно како што звучи. Долгите часови може да вклучуваат повеќе чекање во редицата отколку седење до Бред Пит, на пример. Статистите треба да бидат подготвени да чекаат во редот со часови, најверојатно носејќи неудобни чевли и луксузна облека, пред да бидат повикани да влезат во салата. Откако ќе влезат, постојат строги правила за тоа како да се однесуваат. Тие немаат право да зборуваат со ѕвездите или со другите присутни, кои имаат покани за настанот, да не зборуваме за правење селфиња со нив. Статистите не треба да прават ништо со што ќе го привлечат вниманието кон себе. Тие практично треба да бидат колку што е можно повеќе анонимни.
Да си статист е помалку работа и повеќе волонтерско учество во престижен настан. На повеќето настани, вклучувајќи и на Оскарите, нема плати, па единственото што останува е да се фалите или евентуално да бидете видени на телевизија. Бидејќи статистите поминуваат таму цел ден, а понекогаш добиваат бесплатна храна. Иако постојат многу ограничувања и нема плата, сите статисти, кои беа присутни на церемонијата велат дека би го направиле тоа повторно, се разбира, доколку им се пружи таква можност.