Како да станете познавач на вина?

Денес во супермаркетите може да се најде огромна  разновидност од вина што дури е способна да не збуни. За да се научите да почнете да се  разбирате од вина, мора прво да се ориентирате во класификацијата  по меѓународни стандарди.

1. Сите  вина од грозје  се делат на типови согласно усвоени во Франција од  Паневропската  класификација.

Според неа има две основни групи – пенливи (содржат растворен јаглерод диоксид, формиран по природен пат при ферментацијата) и „тивки” (кои не содржат јаглерод диоксид). Втората група се дели на три подгрупи – природни, ликери и ароматизирани вина.

Природните тивки вина се наједноставните, а се добиени   преку ферментација на сок од грозје, која ги претвора шеќерите во алкохол. Моќта на овие вина може да се движи од 8 до 15 степени. Сите трпезни вина се токму од овој тип.

Користејќи  тивки природни вина за основа, можат да се направат и ликери и ароматизирани вина. Ликерите  можат да стигнат 15-20 степени, бидејќи се направени со додавање на силни алкохолни пијалоци (најчесто бренди).

Ароматизираните вина се произведуваат со додавање на зачини, билки и гроздов алкохол. Најпознатото ароматизирано вино е вермут, а најпознатото пенливо вино е шампањското.

belo

2. Секое вино има свој стил, под кој се подразбираат бојата (бела, розе, црвено) и степенот  на сладост (суво, полусуво, полусладко, слатко).

Белото вино може да се добие од секаква сорта грозје, важен е начинот на обработка. Бојата на бело вино се движи до светложолта.

Вината со црвена нијанса се нарекуваат црвени. Бојата може да варира од темно рубин до бледо црвена, розе. Црвените вина се прават од црвени видови грозје,  по методот на бело вино. Бојата на пијалокот варира од црвена до бледо розова. Повеќето природни вина се суви – шеќерот кој го содржат се  претвора во алкохол при ферментацијата. Има  природно посладки и полусуви вина, во кои останува  шеќер поради природните особености на сортата грозје. За жал овие вина се ретки и скапи. Повеќето полусуви, полусладки и слатки вина се подготвени со помош на вештачки прекин на ферментацијата.

crveno

 

 3. По составот во Европа вината се делат на купажни (направени од мешавина на различни сорти на грозје) и сепажни (направени само од една сорта грозје).

Ако виното е наречено според сортата на  грозје, на пример каберне или Мерлто, значи тоа е врста или сепажно. Купувајќи сепажно вино приближно знаете што да очекувате од него, поаѓајќи од карактеристиките на грозјето. При тоа треба да имате на ум дека  не од било која сорта грозје се добива убаво вино со хармоничен вкус, но смесата од  нехармонични вина може да образува фантастичен ароматичен производ со прекрасен вкус. На етикетата позади треба да биде  наведено од какви сорти грозје е направено купажното вино.

vino1

 

4. Според времетраењето на зреење вината се делат на млади и стари.

За почеток на рокот на зреење се смета датумот  на Новата година по жетвата. Младите вина се продаваат пред овој датум. Обичните (расипливи) вина се продаваат по 1 јануари следната година. Зрели вина се оние кои одлежале  не помалку од половина година. Вината направени од првокласно грозје кој отстопиле  во буриња најмалку 18 месеци, се нарекуваат брендирани. Најдобрите примероци од нив влегуваат во категоријата на колекционерски (скапи) вина кои треба да одлежат дополнително минимум три години. Оваа класификација не е сосема категорична, бидејќи кон расипливите вина можат да се приклучат како оние низок квалиет, така и првокласни вина на кои не им е потребно  долго зреење.

xmas-wine-lg1

 

5. Од истата Европска класификација вината се делат и по место на потекло.

Купувајќи вино во продавница, внимателно прочитајте ја  етикетата. Ако местото не е наведено – виното е од низок квалитет и по европски стандарди се смета за вино за готвење. Кога потеклото на виното е прецизирано, виното е многу поквалитетно. Наведувајќи го местото производителот се обврзува да поседува лиценца која да го потврдува тоа дека виното  одговара на стандардите за регионот. Ако наведената локација дава идеја и за типот на  пијалок, значи држите во рацете сертифицирано квалитетен производ. За да биде во оваа категорија, виното треба да биде направено од строго дефинирани сорти грозје, за одгледување на кое се почитуваат одредени норми. Сличните  вина имаат оригинален  и специфичен вкус, карактеристичен само за посочената локација.

- Реклама -