Kaко да направите лиснато тесто?

Ви претставуваме брз и едноставен начин за подготовка на лиснато тесто, од кое што можете да направите слатки и солени пецива.Од основни лиснати теста можете да подготвите разни пецива, слатки и солени. Иако е врежано мислењето дека неговата подготовка е тешка и комплицирана, постои лесен и брз начин. Доколку се одлучите домашното лиснато тесто да го употребете за подготовка со фил или мармалад, или пак, како крем, намалете ја количината на сол.

Состојки:

200 г. брашно

200 г. путер

3 г. морска сол

75 мк. вода

Првиот чекор е да ги помешате брашното и солта, а потоа да додадете путер. Важно е путерот да биде ладен за да не се стопи додека се меша со брашното.

Постепено додадете вода и мешајте. Доколку оцените дека вам тестото ви е премногу влажно, додадете брашно, а доколку е суво зголемете ја количината на вода. Начинот на подготовка на тестото можете да го погледнете во видеото.

- Реклама -