Како да ја избегнете опасноста од труење со храна

Почетокот на летото и високите температури ја прават храната расиплива и затоа треба да обрнете внимание на тоа што и како да јадете за да не би дошло до несакани резултати. Еве како најдобро ќе се наштитите себе и храната и како ризикот од труење би го довеле до минимум.

Добро измијте ги рацете

Пред да започнете да ја обработувате храната, добро измијте ги рацете со топла вода и сапун и погрижете се даските за сечење и ножевите кои планирате да ги употребите да бидат чисти.

beau.fridge.2

Чувајте ја храната на ладно место

Дури и малите количини бактерии на исечканите намирници можат да се размножат до опасен размер доколку храната се остави на собна температура. Затоа исечканите намирници, овошје или зеленчук сместете ги во замрзнувачот. Со обзир на тоа што опасноста од труење со храна е поголема во пролет и лето, кога одите на пикник со вас понесете си мал рачен фрижидер. Не јадете храна која подолго од два часа била изложена на отворено.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Немојте да јадете на работната маса

Студиите покажале како просечнaтa работнa односно канцелариска маса содржи 100% повеќе бактерии одошто кујнската и 400% повеќе одошто даската за WC шолјата. Кујната и тоалетот очигледно ги чистиме поредовно од масата на која работиме. Истражувањата покажале дека дури 36% од вработените го чистат работното место секоја недела.

Misc_fruit

Измијте го и овошјето

Освен што внимателно треба да го истриете со рацето овошјето под млаз вода, измијте ја и чинијата.

Мислете однапред

Спречувањето на труењето со храна започнува уште во продавницата. Месото купете го последно и „сoкријте“ го од сончевите зраци додека да стигнете дома. Потоа веднаш сместете го во фрижидер за да не би можеле микроорганизмите и понатаму да се размножуваат.

 

- Реклама -