Доколку се чувствувате лошо бидејќи сте „сингл“, или сакате да ја направите љубоморна поранешната девојка, можете да го употребите трикот на јапонскиот фотограф Кисуке Јунаши (или едноставно, само да ги погледнете фотографиите и слатко да се насмеете). Уметникот од Токио очигледно имал толку многу слободно време, што успеал да смисли начин со кој ќе ги убеди останатите дека има девојка од соништата.
Имено, Јунаши секогаш си носи со себе неколку нијанси посветла пудра која ја нанесува на раката, и црвен лак за ноктите кој дополнително ќе создаде импресија дека станува збор за женска рака. Во продолжение погледнете го процесот.
[youtube]http://youtu.be/fTnmVhkMmFQ[/youtube]