Со овие тркала цврсто држени во место, Мерцедес-Бенц се подготвува за транспорт во карго авион.
На сличен начин, суперавтомобилите од Ферари до Ламбурџини се пренесувани авионски секоја година, за богатите арапски „плејбој“ момци ги донесат своите автомобили од Блискиот Исток до Лондон, обично само за неколку недели преку летото.
Сопствениците на автомобилите, многумина од нив се од Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, со задоволство плаќаат мало богатство- повеќе од 20.000 долари за повратно патување, за нивните метални чуда да бидат пренесени над 4,000 километри.
Qatar Airways е една таква компанија која ги пренесува луксузните автомобили од Доха од Хитроу. Со користење на нивната главна и долна палуба, авиокомпанијата ниди 31 позиција секој лет.
Даниел Халворт, управен директор на Dan Car Logistics, кој е специјализирана за авионски пратки изјавил: „Арапите често користат агенти за да организираат нивните автомобили да бидат пренесени во Велика Британија- и некои од овие момци може да имаат две до три коли кои ги носат тука само на месец дена“.
Ова се дел од нивните скапи „играчки“ за фалење: