За својот роденден пејачката Кајли Миног посакува да биде здрава и да стане мајка.
Откако успеа да се избори со ракот и повторно да се искачи на сцената, таа вели дека според неа натамошниот животот ќе и прoдoложи исклучиво со пријатни емоции и случувања.
„ Тоа е мојата најголема желба. Кога сум со мојот внук, се чувствувам прекрасно. Сакам и јас да го доживеам чувство да носиш живот во себе, но сепак ако не ми е пишано да имам свое дете, подготвена сум да посвојам”, открива пејачката за мајчинството.
„ Никогаш не сум била песимист. Кога ја добив онаа страшна дијагноза, не можев да поверувам дека тоа ќе биде мојот крај. Не се предавам пред ништо“, додава Кајли.