Кајли Миног изјави дека не се откажала од тоа да го пронајде мажот на својот живот.По неколку долгорочни врски пејачката се уште не изгубила надеж дека ќе ја пронајде својата сродна душа.
46-годишната австралијка изјави за списанието „Лајв“, дека „сака да ја пронајде љубовта“.
Последната голема љубов на Кајли беше со шпанскиот модел Андрес Валенсосо, со кого имаше врска помеѓу 2008 и 2013 година . Пред тоа ѕвездата беше во брак со францускиот актер Оливие Мартинез од 2002 до 2007 година.
Неодамна Кајли се врати од Лос Анџелес и сподели дека патувањето и било „вистински одмор”, бидејќи се наоѓала далеку од очите на папараците.
Таа меѓудругото признава и дека нејзиниот живот е различен од оној на повеќето луѓе. Сепак, една од нејзините омилени работи е да оди сама на хемиско чистење и да врши други обични нешта од секојдневието.