Пиете кафе, па трчате кон тоалетот? Еве зошто се случува тоа.
Научно е докажано дека кафето го стимулира мозокот, но има нешто во него што повеќето не тера да се затрчаме кон тоалетот „по голема“, веднаш штом ќе завршиме со утринската навика.
Ваков ефект од кафето не чувствуваат генерално сите оние кои што го консумираат. Имено, само 3 од 10 проценти од луѓето се сретнуваат со ова секојдневно. Иако повеќето мислат дека кофеинот има лаксативен ефект, бројни истражувања покажуваат дека тоа не е причината, со оглед на тоа што потребата за главење во тоалетот се случува и кога луѓето пијат кафе без кофеин.
Научниците сметаат дека лаксативното дејство на кафето го предизвикува неговата киселкаста природа. Првата тајна која што ја обелоденија научниците е поголемото ниво на желудна киселина, која благодарение на хлородената киселина го активира стомакот.
Пиењето на кафе истотака го зголемува гастринот, кој ги опушта мускулите на аналниот отвор. Истовремено, кафето го зголемува нивото на холецистокинин, кој ослободува енизми во жолчката и го регулира празнењето на организмот.
Кафето поради својата киселина влијае на брзото варење на организмот, односно создава потреба за 4 минути да трчаме кон тоалетот.
И покрај сите овие истражувања, научниците сметаат дека мораат уште многу да истражуваат пред да дојдат до сигурен одговор на темата.