Кафе кое ќе го платите со бакнежи

Кафулето „Metro St. James“ во Сиднеј е уредено во француски стил и има единствена романтична промоција месецов. Имено, секое утро, меѓу 9 и 11 часот гостите во кафе-барот ќе можат сметката да ја платат со меѓусебни бакнежи.

„Ние не прифаќаме пари, само вашите бакнежи“ пишува на нивната Фејсбук страница. Иако на некои овој концепт им е можеби чуден, кафулето објави видео на кое се гледа како голем број на посетители уживаат во ваквиот начин на плаќање.

„Ќе ве гледаме, тоа мора да биде вистински бакнеж“, се вели во видеото.

Голем број на посетители на нивната Фејсбук страна прашуваат дали може да се искористат како партнери за бакнување и вработените во „Metro St. James“, но се уште никој нема одговорено.

[youtube]http://youtu.be/Q0MNJkOohAk[/youtube]

- Реклама -