Режисерот на трилогијата „Господар на прстените“ и на најновото филмско остварување „Хобит“, Питер Џексон како локација за снимање на повеќето сцени го одбра токму градот Хобитон во Нов Зеланд.
Американската продукциска компанија го изнајмила централниот дел од фармата кој го дополниле со потребните елементи за снимање на култните сцени.
Во самото гратче постојат неколку лажнo – декорирани домови кои претставуваат вистинска туристичка атракција. Непосредно во близина се наоѓа мало езеро во кое најчесто се отсликуваат облаците. Градот е познат и по пабот кој е уреден според филмските идеи од „Господар на прстените“ и „Хобит“.
Работниците од фармата во Хобитон биле ангажирани за грижа на уникатната флора и фауна на имотот.