Не многу серии инспирирале толку уметници како што тоа го направи популарната „Game of Thrones“, а не е претерано да се каже дека колекцијата илустрации подолу е една од најдобрите кои некогаш биле направени. Францускиот уметник Марк Вробел, кој живее и работи во Токио, на необичен начин го „освежува“ изгледот на главните јунаци од епската серија, претворајќи ги во обични улични ликови од 1980/90-те години.