Анџелина Џоли станува сѐ послаба

Многумина се загрижени за пораката што Анџелина Џоли им ја испраќа на нејзините млади обожавателки.

Веќе долго време медиумите пишуваат за претерано слабата Анџелина Џоли, а нејзините фотографии од викендов повторно ги разбудија овие коментари. Убавата актерка по заздравувањето од двојната мастектомија почна да се појавува во јавност, но сите најпрво ја забележаа нејзината претерано витка линија.

Имајќи предвид дека се појавува во отворени маици и фустани, тешко е да не се забележат нејзините слаби раце и нозе. Токму поради таа глетка повторно се зборува за нејзината екстремно слаба линија, а се шушка и дека можеби има анорексија.

Загриженоста е уште поголема со огед на тоа дека таа е пример на многу девојки ширум светот, па не би сакале да тргнат по нејзиниот пат.

Погледнете ги најсвежите фотографии од 38-годишната Џоли од неделата кога слета на Хаваи со синовите, 11-годишниот Мадокс и деветгодишниот Пакс

article-2358071-1AB58F6A000005DC-439_634x472

- Реклама -