Таа ги зајакнува мускулите, ја подобрува циркулацијата и ги раздвижува зглобовите па тие се подобро подмачкани, што пак ја намалува непријатната болка. Вежбањеро исто така го намалува и стресот.
Вежбањето јога помага на оние заболени од артритис, потврдија научниците од американскиот универзитет во Синсинати, кои ги анализирале студиите на истата тема во период од 2010-та до 2013-та година.Истегнувањето на зглобовите ја олеснува болката во зглобовите кај остеоартритис и ревматоиден артритис.
Јогата ја намалува утринската вкочанетост, ја подобрива физичката мобилност и го намалува чуството на депресија кое најчесто ја придружува овој тип болест. Таа ги размрдува зглобовите, ја зајакнува мускулатурата и ја забрзува циркулацијата на крвта со што предизвикува подобро подмачкани зглобови, со што се намалува и болката, потврдило истражувањето во кое испитаниците вежбале 16 недели.
– Вежбањето со истегнување го намалува стресот, еден од факторите кои дополнително го вложува артритисот. Истражувањата покажаа дека оние кои страдаат од оваа болест по само неколку часа вежбање чуствуваат олеснување од физичка и психичка природа. Јогата се покажа како ветувачки третман- изјавиле научниците.