Оригиналниот наслов на книгата е „Yoga bitch“.
Што се случува кога дваесет и петгодишна девојка, која ужива во бифтек, кафе, вино и цигари, ќе реши дека е време да му се посвети на својот духовен живот? Па… не баш она што го очекувате.
Така Сузан Морисон, авторката на оваа книга, решава да отпатува на двомесечен престој на Бали за да се ослободи од стравот од смртта и да стане како нејзината инструкторка по јога – Индра, која навидум има сè: љубов, себеси и Бог. Јога-кучка е дневник на една авторка која ги бележи сите авантури за време на својот духовен престој на Бали, како и патот што ќе мора да го измине за да се пронајде себеси вистински.