Џесика Симпсон веќе си го обезбеди статусот на врвен дизанер во модниот свет.
Овој пат најновата колекција за бремени жени jа претстави во друштво со нејзината сестра Ешли и малата ќеркичка Дру Максвел Џонсон, во еден трговски центар во Северна Каролина.
Џесика која го очекува своето второ дете на промоцијата носеше долг фустан во бордо боја од сопствената колекција, искомбинирана со идеална фризура и шминка.
Нејзината сестра Ешли ја нагласи сексуалноста со мини фустан со цветен принт и кратко кожено палто. Малата Максвел беше облечена во комбинација во крем – кафени нијанси.
Погледнете ги фотографиите од промоцијата и уверете се самите во неоспорната убавина на бременатаа Џесика!