Џенифер откажа лет кога видела дека е заедно во авион со Анџелина

Џенифер Анистон не сакала да лета во ист авион со Анџелина Џоли, па го сменила летот и го поместила за еден ден.

Двете актерки имале закажан лет за Лондон оваа недела, но кога Џенифер дознала за тоа, брзо го откажала летот за да не се сретне со сегашната свршеница на нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.

Откако Бред Пит и Анџелина Џоли се запознаа на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, Џенифер не можела да ја поднесе Џоли. Подоцна се покажа дека имало и причина за грижи. Неодамна се дозна дека Пит ја изневерувал Анистон со неговата колешка од наведениот фил што беше и причина за развод.

- Реклама -