Сите договори за јавни набавки од декември ќе бидат достапни за јавноста, со што договорниот орган ќе има обврска секој договор да го објави најпрво на веб-страницата, а потоа и да го реализира.
Според оваа новина, што претходно ја најави премиерот Зоран Заев, од 1 декември секој договор за јавна набавка склучен од која било државна или јавна институција под надлежност на владата, а со препораки и до општините и до другите јавни институции, ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на веб-страницата на секоја институција.
Од оваа мерка, владата очекува сериозна транспарентност, но и сериозна заштеда на трошење на парите на граѓаните во државата.
Бирото за јавни набавки е во фаза на изработка на нов закон за јавни набавки кој ја враќа Македонија на патот кон ЕУ. Се земаат предвид ЕУ регулативите од 2014 година. Новиот закон се очекува најрано да биде донесен во октомври 2018 година.
Извор на веста: 24 вести