Деталите ги изработува без очила.
Старата дама по име Агнес Каспаркова живее во регионот на Моравија (Чешка). Како професија се занимавала со земјоделство, а откако е во пензија ужива во изработка на детални шеми врз фасадата на својот дом.
Таа ги изработува, потпирајќи се на својот вкус и имагинација, а на прашањата за нејзиното хоби, одговара скромно и смирено:
„ Јас сум уметник? Јас само го правам она што ми се допаѓа, и се обидувам да помогнам малку со тоа што го украсувам светот .”- вели таа тивко.
Веруваме дека секој би посакал мало дело, со потписот на оваа жена. Одлично е кога успеваме да го пронајде она што не прави среќни, и уживаме додека го работиме.
Агнес е нашиот херој на денот.