Во новата епизода од шоуто на Елен гостувала Бритни Спирс каде изјавила „Јас… едноставно го сакам“ за својот нов дечко Давид Лукадо, каде очигледно се гледа дека е лудо заљубена и открива како се запознале.
Таа излегува со новиот дечко веќе 8 месеци, а Бритни вели дека е заљубена. 32-годишната пејачка отворено зборуваше во шоуто на Елен за својата врска со Давид Лукадо. Таа откри како се запознале на забава, кога пријатели ги запознале и споиле. Тие веднаш се поврзале и едвај дочекале 24 часа за да се видат повторно.
Спирс позитивно се фалеше за својот дечко: „Јас едноставно го сакам начинот на кој е толку страствен, хумористичен, секси, само знам дека ми се допаѓа“, замислено додавајќи „Јас само… Јас го сакам“.
Бритни сподели фотографија со своите два сина, Шон 8 години и Цејден 7 години, со својот поранешен сопруг Кевин Федерлајн.
Пред да се омажи со Кевин во 2004 година, Спирс се омажи со пријателот од детсвото Џејсон Александар во мала капела во Лас Вегас а бракот траеше само 55 часа.
Најновиот албум на Бритни Спирс ќе искочи овој петок.