Јајца за појадок поттикнуваат слабеење

Научниците од Универзитетот во Мисури дојдоа до заклучок дека традиционалниот англиски појадок го спречува таложењето на вишокот килограми.

Истражувањето беше спроведено врз група тинејџери со вишок килограми, од 18 до 20 годишна возраст, кои редовно го прескокнувале појадокот. Во текот на испитувањата тие јаделе високопротеински појадок од јајца и говедско месо со 35 грама белковини или здрави житарици. Секој појадок содржел 350 калории и одреден дел на масти, влакна и шеќер.

5249094153_4bfdf82da3_o

Забележано е дека високопротеинскиот доручек давал поголема ситост и ја намалувал активноста на мозокот која ја контролира храната, како и вечерните оброци полни со масти и со шеќери во однос на останатите две групи.

Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?

Заклучокот на овие истражувања гласи дека појадокот полн со протеини влијае врз ситоста во текот на целиот ден, кога обично се јадат висококалорични оброци.

Доколку спаѓате во групата на луѓе кои го прескокнуваат појадокот, не грижете се. Истражувачите истакнале дека се потребни само три дена како би се привикнале на новиот дневен ритам. Оброкот богат со белковини, дава поголемо чувство на ситост од оброк полн со масти или јаглени хидрати и влијае на апетитот во текот на целиот ден.

- Реклама -