Жестока драма со една од најубавите жени во светот ги потопи во солзи љубителите на сапунските серии. Ѕвездата од „Дивиот цвет” и носителка на титулата „Мис Венецуела” 2004 и „Мис Универзум” за 2005 година Моника Спеaр беше застрелана на патот при обид за грабеж. Убавицата влезе во црните хроники, откако непознати лица ja нападнаа неа и нејзиното семејство за време на одмор.
Заедно со нејзиниот сопруг Томас и 5-годишна ќерка, 29-годишната Моника била на одмор во Порто Кабело. Семејството патувало со сива Тојота, а инцидентот се случил доцна во понеделникот. Хаварија на патот предизвикала несреќа и автомобилот удрил. Семејството се спасило без повреди, но Моника и нејзиниот сопруг Томас Хенри излегле на патот, со надеж да побараат помош.
Полицијата соопштува дека најверојатно Моника и нејзиниот сопруг биле нападнати со цел грабеж и потоа застрелани. За среќа нивната ќерка е ранета во едната нога и е надвор од опасност.
Веста ја потресе цела Венецуела, а во САД се слушнаа остри критики по суровото убиство на семејството. Моника и нејзиното семејство живееле во Мајами и сакале да се вратат назад уште кон крајот на оваа недела. Освен актерка Моника е и носителка и на титулата „Мис Венецуела” за 2004 година и на „Мис Универзум” за 2005. Убавицата учествуваше во различни серии, од кои последната „Pasión Prohibida” беше снимена во 2013 година.