Ја препознавате?

Воглавно гледаме нејзини фотографии од црвениот килим. Таа го привлекува вниманието со својата грациозност и елеганција и секогаш е облечена во фустани со кои влегува во првите пет најдобро облечени ѕвезди на црвениот килим.

Што се однесува до фризурата, актерката ја навикна публиката на подигната коса и пунџа. Затоа и не е изненадувачки што малкумина ја препознаа на оваа фотографија.

Лупита Нијонго е оскаровка, кениско – мексиканска актерка и режисерка. Таа се прослави со улогата во филмот „Дванаесет години ропство“ за кој што доби Оскар за споредна женска улога.

l2

Младата актерка која речиси секогаш се појавува со кратка коса или пунџа, одлучи да ги пушти своите природни локни и така стана речиси непрепознатлива.

А супер и стои, зар не?

- Реклама -