Ја препознавате ли? Бијонсе во екстремно издание

Откако на Инстаграм објави фотографија на која сите можеа да ја видат како скокна од највисоката кула во Нов Зеланд, Бијонсе сега го објави и видеото од ова возбудливо искуство. 32-годишната пејачка минатата недела отпатува во Окленд, каде во склоп на нејзината турнеја Mrs. Carter Show одржа концерт. Но, нејзиниот престој таму ќе и остане незаборавен и по нешто друго. Имено, скокот од кулата висока 1.076 метри е нешто што таа досега го немаше искусено. Погледнете како изгледаше тоа.

- Реклама -