Брачниот пат не знаеле дека некој ги гледа.
Папараците го фатиле Харисон Форд во страсна прегратка со неговата сопруга Калиста Флокхарт. Брачниот пар слетал во приватен авион во Лос Анџелес кога познатиот актер ја повлекол својата сопруга во прегратка и страсно ја бакнал.
Брачниот пар и нивниот 13-годишен син Лиам се враќале од прославата на Денот на благодарноста во Џексон Хол, пишува US Weekly.
72-годишниот актер во една прилика изјавил колку е благодарен за љубовта која му ја пружа неговата дваесет години помлада сопруга.
„Имав шеесет години кога се заљубив во Калиста. Најмногу ме изненади што уште имав желба да остварам сериозна врска и да се поврзам со некого. Се обидов да научам од моите грешки и да продолжам напред“, рекол Форд.