Кајли Миног ja покажа својата сексапилна страна, придружувајќи им се на Кармен Електра и Џим Кери во покажувањето на задникот на насловната страница на италијанското издание на GQ магазинот.
„Минијатурната“ поп принцеза ја „ископира“ популарната реклама од 1950-та година од на Cooperatone Suntan откако го покажа задникот со помош на куче кое го влече нејзиното долно бикини.
Исончаниот тен, голиот бел задник и прекрасната насмевка прават 46-годишната убавица да изгледа неодоливо на насловната страница која веднаш започна да се шири по социјалните мрежи и доби одлични критики.
Инаку, Миног, оваа година е доста зафатена, неодамна го објави својот прв албум со издавачката куќа на JayZ, Roc Nation и учествуваше на британскиот и австралијанскиот The Voice. Таа исто така ја врати хемијата со Австралискиот рокер Ник Кејв во британскиот документарец 20.000 Days On Earth.