Познатата манекенка и понатаму воодушевува со својот изглед, но во што е тајната?
Сега го откри рецептото кој е прилично едноставен.
Убавата Ел Макперсон и денес освојува како и пред 20 години кога беше на врвот на својата слава. Кога ги гледате фотографиите, кој би помислил дека Ел има 50 години.
Како успева да изгледа толку младолико открила во разговор за Huffington Post.
„Мислам дека до 30-тите години генетиката е во прашање, но потоа се работи за тоа како го третирате своето тело“, објаснила и нагласила дека нејзиниот физички изглед е всушност резултат на тоа што и самата се чувствува навистина добро.
Ел вели дека здравата исхрана игра голема улога, а сега секојдневно пие сок од зелен зеленчук. Тајната сепак можеби се крие во алкализирање на организмот, односно создавање на кисело-алкална рамнотежа. Неодамна лансирала своја линија на алкалнизирани производи, а како голем застапник на јогата, нејзината линија воопшто не треба да не изненадува.
Всушност се работи за фактот дека треба да се земаат мали оборци до шест пати дневно, потребна е добро соџвакана храна и да се пие мали голтки вода. Треба да се јаде повеќе зеленчук и овошје, да се спие седум до осум часа на ден, дневно да се испие еден литар чај од корен од ѓумбир, и да се јадат семе од лен.