Ја одобрува врската на нејзиниот татко: „Таа е единствената која знае како да го замолчи“

Ќерката на познатиот актер ја одобри неговата нова девојка.
Историјата на љубовните врски на познатиот актер е многу бурна и интересна, бидејќи Шон Пен се има забавувано со многу силни, преубави жени, а два пати се има и оженето- со кралицата на поп музиката Мадона, и со Робин Рајт, со која ја доби ќерката Дилан.

Screenshot_3

Моментално е во врска со познатата актерка Шарлиз Терон, а нивната врска ја одобрува и неговата ќерка.

– Таа е фантастична. Единствената жена, освен мојата мајка, која може да го натера татко ми да замолчи. Тоа е е*ан предизвик и затоа мислам дека таа е жена змеј“, прокоментирала Дилан за новата девојка на нејзиниот татко.

Sean Penn i Dylan Penn (Foto: Getty)

– Веќе неколку месеци работеа во Јужна Африка, па не ги гледав често. Таа е супер и тие се одличен пар. Додека мојот татко е среќен и јас сум среќна за нив“, додала таа.

Screenshot_4

Многумина приметиле дека познатиот актер е целосно нов човек откога е со Шарлиз, а се чини дека и нивната врска станува посилна секој ден.

- Реклама -