Ким Кардашијан доживела инцидент на потпишувањето на својата книга „селфи“, кога ја нападнала активистка и жестоко ја навредила.
Овој пат ријалити ѕвездата ги налутила борците за правата на животните, на кои не им се допаднало тоа што често носи гардероба од вистинско крзно.
– Само сакав да ти кажам дека ти си најодвратното човечко суштество на оваа планета. Срам да ти е што ја поддржуваш индустријата на крзна, и порача еден човек.
Нему набрзо му се придружи и група на лути активисти кои ја нарекоа убиец, носејќи постери со натписи „Твоето крзно имало лице“. Еден од нив и упатил:
Можеш ли да им се извиниш на сите животни кои се мачени и убивани, за ти да можеш да носиш крзно?
Ким за тоа време останала мирна, се смешкала и се трудила да не придава премногу значење на бесните активисти, додека обезбедувањето ја исфрлило надвор.