Кога станува збор за пејачката Мајли Сајрус, од неа може да се очекува сè.
Освен што е позната по бурниот живот, бројните скандали и провокативното облекување, сега отиде чекор понатаму и уште еднаш предизвика силни реакции од јавноста.
Откако минатата година Ким Кардашијан се сликаше гола за насловна страна на списанието „Paper“, сега истото го направи и Мајли Сајрус.
Всушност, пејачката и нејзиниот домашен миленик, прасето Баба Сју, се најдоа на насловната страна на ова списание.
Како што вели, пејачката на овој начин сака да ја промовира својата фондација „Happy Hippie Foundation” која помага на ЛГБТ зедницата и бездомниците.
Потоа, таа објави слика и на Инстаграм, на која нејзиното лице е покриено со маска со лик од свиња, а градите и се во преден план.